Помина повеќе од половина век од мистериозната смрт на актерката Мерлин Монро, која стана вистинска легенда и стандард за женска убавина и сексуалност. Но, до сега секој факт од нејзината биографија, секоја ретка фотографија предизвикува интерес во јавноста.

Интересни факти за животот на славната русокоса глумица на 20-тиот век, кои можеби не сте ги знаеле.

1.Речиси целото наследство по нејзината смрт му припаднало на нејзиниот близок пријател Ли Стразберг.

2. Многу сакала да чита. Нејзината лична библиотека имала повеќе од 400 книги. Се чувствувала инфериорно што не била образована, па се трудела да ја пополни „базата“ на знаења.

3.Спротивно на нејзините облини, таа јадела многу малку. Можела цел ден да го помине само со сок од портокал, според кажувањата на нејзините колешки – актерки.

4.Првата верзија на псевдонимот Мерлин Монро бил Џин Адаир, но легендарната русокоса одлучила да го избере името Мерилин Монро.

5.Била прва жена на насловната страница на списанието „Плејбој“.

6. Во последните три години имала вештачки парафински гради (силиконските се уште не биле достапни). На почетокот на кариерата пластичните хирурзи и ги корегирале градите и носот.

8. Кога сакала да помине незабележана на улица носела црна перика и се викала Зелда Зорк.

9.Често била збунета. Понекогаш ги заборавала зборовите, една епизода ја снимала по 20 до 40 пати.

10. Имала коефицинет на интелигенција 168. Многу повеќе од просекот. Но, стереотипот „глупава русокоса“ ја прогонувал цел живот.

11. Спротивно на песната „Дијамантите се најдобар пријател на девојките“, Мерилин била рамнодушна на скап накит, нејзината колекција била многу скромна.

12. Многу сакала да готви и била одлична готвачка.

13. Една од првите жени која имала сопствена продукција.

14. Се вљубувала во грди мажи и пак, се чувствувала инфериорно.

15. Цел живот сонувала да стане мајка. Сакала деца. Обидот со Артур Милер да роди дете завршил со спонтан(и) абортус(и).

16. Била погребана во бледо зелен фустан од „Пучи“.

17. Барала ветување од Џо Димаџо секоја недела да ѝ носи цвеќе на гробот ако умре пред него. Десет црвени ружи биле доставувани на гробот на Мерилин секоја недела во текот на следните 20 години.

ВИДЕО+ФОТО: Да е жива Мерилин Монро денес би имала години колку кралицата Елизабета и би го прославила 95-тиот роденден