Советот на Европската унија реши да го продолжи за уште шест месеци, до 15 март 2023 година, времетраењето на санкциите против одговорните за поткопување или загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина. Како што се наведува во соопштението на Советот на ЕУ, постојните рестриктивни мерки предвидуваат ограничувања за патување на физички лица, замрзнување на имотот и забрана за ставање на располагање средства или други економски ресурси на наведените физички и правни лица. Санкциите ќе продолжат да се применуваат на 1.206 поединци и 108 ентитети, од кои многу се цел на овие мерки како одговор на воената агресија на Русија.