Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денеска ја започнува тридневната турнеја во рамките на која ќе ги посети Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска. Од турнејата, како што јави турската агенција Анадолу, се очекува дополнителен развој на и онака добрата соработка на Турција со тие земји во политичка и економска смисла. Ердоган денеска во Сараево ќе ја започне посетата на регионот, каде што ќе разговара со највисоките претставници на Босна и Херцеговина.

Претседателот на Турција потоа ќе престојува во официјална посета на Србија, а домаќин ќе биде претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопштено е во Белград. За време на посетата на Хрватска на 8 септември Ердоган ќе разговара со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот на Собранието Горан Јандроковиќ. Со Пленковиќ, Ердоган ќе го посети Сисак, каде официјално ќе го отвори Исламскиот културен центар во кој има џамија, објавија хрватските медиуми.

Прикажи повеќе