Македонскиот репрезентативец Енис Барди, кој завчера го даде голот од пенал за реми против Финска во првиот пријателски меч, посочи дека потребна е победа за македонската селекција утре од 14 часот против Азербејџан за да се крене атмосферата пред мартовскиот почеток на новиот евроквалификациски циклус.
„Нема фаворити денеска во фудбалот, така да наше е да влеземе максимално. Ставивме акцент на анализа на грешките кои ги направивме и сето тоа да го поправиме. Мора да одиграме сконцентрирано. Нам ни треба победа за да ја кренеме атмосферата на едно ниво кое ни е потребно за тоа што нè чека во март. Од тоа што досега сме го одиграле, овој утрешен меч ќе биде сосема различен и Азербејџан е силна селекција. Станува збор за силен тим, кој е многу цврст тим на топка. Тие се незгоден противник и ова ќе биде одличен тест. Ние од друга страна ако одиграме како што знаеме, ќе дојдеме до победа“, додаде Барди.