Фудбалската репрезентација на Еквадор славеше со 0-2 над домаќинот Катар на отворањето на 22. Светско првенство. Херој за Екваторците беше Енер Валенсија кој беше стрелец на двата гола за својата репрезентација, а еден погодок му беше поништен со ВАР. Еквадор сруши традиција долга цели 92 години, и еден домаќин за првпат е поразен на отворањето на СП.

Advertisements

Валенсија уште во третата минута ја затресе мрежата на Катарците, но по проверка на ВАР неговиот погодок беше поништен. Во 15. минута доби пенал кој рутински го реализираше за водство од 0-1 за Еквадор, а конечните 0-2 ги постави во 31. минута.

Херојот на Еквадор во 43. минута доби удар во коленото по кој се пожали на повреда. Сепак, остана во игра се до 77. минута кога поради болка мораше да го напушти теренот.

Прикажи повеќе