Граѓаните на Еквадор денеска избираат нов претседател, а со оглед на замореноста од рестриктивните мерки кои ја погодија економијата и аналитичарите очекуваат победа во првиот круг на 36-годишниот економист, кандидат на левицата Андрес Арауз.
Неговиот главен ривал Гиљермо Ласо, кој има имиџ на конзервативен банкар, би можел да добие помала поддршка поради очекуваниот понизок одзив на гласачите поради пандемијата. На трето место, според анкетите, е адвокатот и активист Јаку Перез.
Побада на Аразу би значела враќање на латинска Америка кон левичарската политика, која веќе се гледа во Аргентина и Боливија.
Инаку, во Еквадор гласањето е задолжително и се плаќа казна од 40 долари доколку не се излезе на избирачкото место.
Се претпоставува дека гласачите од средната класа кои се залагаат за Ласа најверојатно ќе платат парична казна за да избегнат изложеност на коронавирусот, додека оние со ниски примања кои се наклонети кон Арауз имаат поголем стимул за гласање затоа што не се во можност да си дозволат да платат парична казна за неизлегување на избори.