Светската здравствена организација за вакцини ќе се состане денеска за да разговара за безбедноста на вакцините против коронавирусот на Астра Зенека, објави вчера директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејезус. „Експертската советничка група за имунизација на СЗО ги разгледа податоците и е во близок контакт со Европската агенција за лекови“, рече Гебрејезус. По извештаите за несакани ефекти, вакцината на АстраЗенека вчера беше привремено забранета во Словенија, Италија, Германија, Шпанија, Португалија и Франција. Претходно тоа го направија Холандија, Ирска, Данска, Норвешка, Бугарија и Тајланд.

– Advertisement –

Прикажи повеќе