На 14 мај 2021 година, рускиот амбасадор во Република Северна Македонија, Сергеј Александровиќ Баздикин е повикан во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, каде што добил информација во врска со тоа дека еден од неговите дипломати е прогласен како персона нон грата и дека има само уште неколку часа за да ја напушти Македонија, пишува порталот Алмакос.

Веста на рускиот амбасадор, Баздикин, му ја пренел официјален претставник на Министерството за надворешни работи во согласност со дипломатскиот протокол. Како причина се наведени одредени дејствија што не се во согласност со однесувањето што се очекува од странски дипломат кој служи во земјата домаќин.

Владата на Северна Македонија покажува будност во зачувувањето на нејзиниот суверенитет од руското однесување и агресијата во земјата, е образложението од институциите.

За прв пат во Република Северна Македонија од безбедносните институции и политичкото раководство еден руски дипломат се прогласува како персона нон грата.

Северна Македонија превзела мерки и во 2018 година во врска со еден дипломат, веднаш по скандалот со труењето во Скриптал, Велика Британија, но оваа одлука е превземена како солидарност со Велика Британија, САД и Европска Унија, пишува порталот Алмакос.

Дејствијата на дипломатот прогласен како персона нон грата не се јавни, но затоа е добро да се потенцира во врска со последните случувања на европските земји за да се откријат разузнавачките групи во нивните земји, и како резултат на тоа многу руски разузнавачи се прогласени како персона нон грата, пишува „Алмакос“.

Бугарија и Чешка во последното време открија разузнавачко дејствување вршено од руската разузнавачка служба ГРУ. Во Чешката Република овие разузнавачи „кокетирале“ со еден магацин со оружје каде што како резултат на тоа се убиени двајца чешки државјани. И во Бугарија, разузнавачите на ГРУ се обидувале да изградаат мрежа на разузнавачи за да известуваат за активностите на НАТО, но биле откриени./Алмакос/