Лидерите на партиите кои се дел од Европскиот фронт на денешната средба во Струга заклучија дека првиот круг од претседателските избори на 24 април помина во мирна, фер и демократска атмосфера, а победата на д-р Бујар Осман од 40.000 гласа над Арбен Таравари – кандидат на опозицијата, тоа е победа која уште повеќе ќе се продлабочи на 8 мај, на парламентарните избори кога Европскиот фронт ќе ја одбележи својата историска победа.

Во овој случај, бидејќи Европскиот фронт повеќе не е дел од претседателската трка во вториот круг од претседателските избори и бидејќи гласот на граѓаните за нас е свет и нивно право, Европскиот фронт наведува дека тоа е ексклузивна волја на граѓаните како што сакаат да го искористат ова право.