Професионалниот дегустатор на храна и пијалоци, Мартин Исарк за магазинот „The Sun“ изјавил никогаш не треба да користиме зовриена вода кога подготвуваме чај.

„Време е да се заборави тој мит. Врелата вода го убива вкусот на чајот, а во шолјата ви останува само чуден сув вкус, кој претежно е танин“, изјавил Мартин.

Тој објасни дека водата за подготовка на чај треба да биде на максимум 80°C, а тоа важи за сите вкусови на чај.

Водата порано ја вриеле бидејќи не била питка, а притоа и да се убијат сите бактери, што не е случај денес кога поголемиот дел од светот има достапна чиста вода за пиење, пренесува „The Sun“.