Еди Марфи е секако еден од најпознатите комичари кој нè смее со години. Актерот кој денес наполни 60 години, својот талент го открил многу рано – како дете раскажувал шеги пред публика, а на 19-годишна возраст се пријавил на шоу за млади таленти. Освен неговата одлична глума и бројни филмски улоги, овој комичар е познат и по своето големо семејство.
Марфи е роден во Бруклин, Њујорк. Тој имал тешко детство. Неговата мајка Лилијан била телефонски оператор, а неговиот татко Чарлс Едвард Марфи бил транзитен полицаец, актер и аматерски комичар. Неговиот татко починал во 1969 година.
„Мајка ми и татко ми се разделија кога имав три години, а татко ми почина кога имав осум години, па затоа имам многу нејасни спомени… Една жена го прободе татко ми со нож. Никогаш не разбрав зошто“, еднаш изјави Еди.
Кога самохраната мајка на Марфи се разболела, осумгодишниот Марфи и неговиот постар брат Чарли една година биле згрижени во дом. Во едно од своите интервјуа, Марфи истакна дека таа година значително влијаела на развојот на неговата смисл за хумор.
Еди сега има десет деца од пет различни жени. Марфи е во врска со 18 години помладата манекенка Пејџ Бучер. Тие се заедно од 2012 година, а парот се запознал во 2006 година на снимањето на филмот „Fat Mom’s House“. Од почетокот на својата врска, тие се обидуваат да се држат далеку од очите на јавноста и ретко зборуваат јавно за нивната врска.
Пејџ и Еди имаат две деца. Ќерката Изи Ону и синот Макс Чарлс, кого манекенката го роди пред три години, а средното име Чарлс го добил по постариот брат на Еди, исто така актер, кој почина од леукемија.
Марфи има уште осум деца што ги имал со четири различни жени. Неговиот најстар син Ерик има 31 година, кој го дели со Полет МекНили. Од врската со Тамара Худ, Марфи го има 30-годишниот Кристијан. Со поранешната сопруга Никол Мичел Марфи ги добија 18-годишната ќерка Бела Захра, 20-годшината Зола Ајви, 25-годишната Шејн Аудра, 30-годишната Бри и 28-годишниот син Мајлс Мичел.
Од врската со поранешната „Spice Girl“ Мел Би ја има 13-годишната ќерка Ејнџл Ајрис. Токму со неа го имаше и најголемиот скандал. По нивната кратка романса, пејачката остана бремена а Еди не верувал дека бебето е негово. Откако се родила малата Ејнџл, актерот побарал ДНК-тестирање за да се осигури дека тој е таткото.
Во неодамнешното интервју за „Mirror“, Марфи рече дека е „горд на своите деца што не станале холивудски кретени“. Тој додаде дека е благословен затоа што неговите деца се „паметни, добри и нормални луѓе“.