Еден Азар по трансферот од Челзи во Реал Мадрид не покажа многу и затоа „кралевите“ планираат да се ослободат од играчот по крајот на актуелната сезона, пишува „Марка“.
Белгиецот е под договор уште една година, но истиот ќе биде раскинат порано. Азар беше купен како замена за Кристијано Роналдо и не покажа ништо, па престојот во Мадрид му стана ноќна мора затоа што одигра само 36,7 отсто од натпреварите досега.
Од 2019 година па до денес, Азар одигра 73 од вкупно 199 средби за Реал Мадрид. Беше стартер само на 21% од нив. Оваа сезона нема настап од 11 септември, затоа се бара продажба.
Опции за Азар за иднината се трансфер во МЛС-лигата од каде постои интерес, како и во Премиер лигата.