Вооружен маж денеска отвори оган во источен Ерусалим при што рани најмалку две лица, соопшти полицијата.
Нападот се случи помалку од еден ден по најсмртоносниот напад во градот од 2008 година. Вчера Палестинец уби седум лица пред синагога.
Инцидентот се случил во Давидовит град, популарен археолошки локалитет во близина на Стариот град, се наведува во соопштението.
Според „Џерусалим пост”, полицијата пристигнала на местото на нападот и напаѓачот бил неутрализиран.
Портпаролот на полицијата изјави дека се работи за терористички напад.
Службата за итни случаи соопшти дека жртвите се тешко повредени.