Долниот дом на францискиот парламент синоќа усвои закон според кој правото на абортус ќе биде вклучено во уставот на земјата, јавуваат агенциите.
Законот го поддржале 337 пратеници кои гласале „за“, а „против“ биле 32 пратеници во Долниот дом на францускиот парламент кој брои 557 пратеници.
За измени на Уставот на Франција, потребна е согласност од двата дома на француското национално собрание, Сенатот – Горниот дом, и Долниот дом – парламентот, а потоа и референдум.
Авторите на предлогот кои доаѓаат од левата коалиција тврдат дека целта на измените на Уставот е „да се заштити и гарантира основното право на доброволно прекинување на бременоста“.
Абортусот беше декриминализиран во Франција со закон од 1975 година, но не постои одредба во Уставот што го гарантира ова право.