Доктор Игор Николов е еден од 150-те доброволци кои преку Министерството за здравство ќе заминат во Труција како дел од хуманитарната помош за настраданите во земјотресот. Тој се пријавил доброволно на повикот на Министерството и ги чека инструкциите за заминување.
Во овие моменти на солидарност, штом го видов повикот за помош, веднаш искажав подготвеност да учествувам во медицинската помош за Турција по разорниот земјотрес. Во моментов нашата помош сега е повеќе од потребна.
За учество во тековните хуманитарни активности во Република Турција се пријавив на јавниот повик веднаш по пбјавата, а со цел да помогнам и дадам свој придонес како доктор со долгогодишно искуство на терциерно ниво во укажувањето помош и лекување на повредените, согласно етичките принципи кои ги налага лекарската професија.
Помошта и поддршката се посебно значајни за пријателска Турција, која од секогаш давала силна поддршка за нашиот здравствен систем низ годините.
Од срце им посакувам брзо закрепнување на повредените во оваа стравична катастрофа.
Министерот Беким Сали вчера изјави дека на јавниот повик што го објави Министерството за здравствени лица кои би се упатиле кон погодените места во Турција од земјотресот до синоќа се пријавиле 150 доброволци. Македонските тимови, објасни тој, чекаат одговор од Турција за тоа што конкретно им е потребно.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.