„Кога лицето ќе стане грубо и испукано за време на зимата, потопи три јајца во алкохол, цврсто затвори ги во сад еден месец и нанеси на лицето, за кожата да престане да се лупи и за да сјае како жад.“ – од книгата „Gyuhap Chongseo“.
Јужна Кореја е земја од која доаѓаат неколку трендови во популарната култура и кои стекнаа огромен број љубители на сите континенти. Како што хитовите на корејската поп музика, уште попозната како К-поп, ќе ги најдете на највисоките позиции на светските топ листи, така уште еден тренд кој ни доаѓа од Јужна Кореjа еуфорично се шири меѓу љубителите на козметика, а тоа е трендот на корејската нега на кожа уште попознат како K-beauty.
Популарноста на K-beauty трендот се должи на квалитетот, иновацијата и ефикасноста која ја нудат корејските козметички производи, а се резултат на постојаното инвестирање во истражувања и развој на нови поефикасни формули, како и современи технолошки процеси на производство.
Посветениот пристап во нега на кожата во Кореја е многу повеќе од популарен тренд. Тоа е пристап со посебна филозофија, каде што преку посветеност и истрајност во грижата кон кожата, на природен начин, одвнатре, се стимулира здравјето на кожата до нејзин убав изглед.
Дека ваквиот пристап има долга традиција сведочи и книгата „Гјухап Чогсео“ („Gyuhap Chongseo“), која се смета за енциклопедија на корејската династија Чосон. Книгата била напишана од интелектуалката Ји Бингхеогал (Yi Bingheogak), родена во 1809 година во угледно семејство. Во книгата покрај описот на начините на одржување на домот, биле опишани начините на обликување на веѓите, начините на чистење на кожата за постигнување негуван изглед и негата за постигнување мазна коса. Еден извадок кој го илустрира тоа вели: „Кога лицето ќе стане грубо и испукано за време на зимата, потопи три јајца во алкохол, цврсто затвори ги во сад еден месец и нанеси на лицето, за кожата да престане да се лупи и за да сјае како жад.“
Иако историските податоци за корејската козметика датираат многу порано, за време на периодот Чосон (1392 – 1897) практиките за нега на кожата го достигнуваат својот врв. Тоа е период кога луѓето давале големо значење на внатрешната убавина, како и на надворешниот негуван природен изглед без шминка. За постигнување на чиста и сјајна кожа се служеле со посебно подготвени природни препарати.
Beauty of Joseon е корејски бренд за козметика, кој на модерен начин ги интерпретира традиционалните начини на нега на лицето. Како што кажува самото име на брендот, својата инспирација ја црпе од историскиот период на династијата Чосон, време во кое во Кореја се обрнувало посебно внимание на нега на кожата. Денес Beauty of Joseon ја комбинира моќта на состојките од природата, кои традиционално се употребувале заедно со најсовремената технологија, за да создаде ефикасни производи за нега.
Во палетата на производи на Beauty of Joseon ќе го најдете моќното трио серуми, кои помагаат за смирување на кожата, подобрување на тенот и регенерација на кожата. Ова трио ги вклучува Calming Serum со зелен чај и пантенол, Glow Serum со прополис и ниацинамид и Repair Serum со женшен и слуз од полжав.
Производите на Beauty of Joseon се достапни во Olpeo, првата специјализирана продавница за корејска козметика, ГТЦ – Скопје, на првиот кат, како и на www.olpeo.mk.
(комерцијален текст)