Тој е синоним за висока мода, а неговите креации ги обожаваат славните личности меѓу кои Лејди Гага и Ким Кардашијан Вест.
И додека неговите креации се дел од најголемите настани на црвениот тепих, Александер Ванг е познат како чест гостин во најпознатите ноќни клубови. Токму таму, според тврдењето на неколкумина, тој ги изведувал непријатните сексуални напади над нив. Прво на почетокот од декември минатата година, британскиот модел Овен Муни (26) преку социјалната мрежа ТикТок сподели видео во кое откри дека во 2017 година „светски познат дизајнер“ сексуално го нападнал на танцувачкиот подиум во еден познат ноќен клуб во Њујорк.
„Танцував на подиумот кога типот до мене ја искористи гужвата, во која не можеше никој да се помрдне, и се залепи за мене, па почна да ме допира. Ме допираше одзади по ногата, кон препоните, а тоа ме исплаши и бев шокиран. Се свртев да видам кој е и се изненадив кога видов дека е светски познат моден дизајнер. Не можев да поверувам што ми прави.“
По оваа изјава на Муни, неговите следачи почнаа да нагаѓаат за кого станува збор, а кога еден од нив праша „Дали станува збор за Александер Ванг?“ , Муни реши да прозбори повторно и одговори дека тоа е точно, па уште еднаш детално го опиша настанот и го нарече Ванг „сексуален предатор, кој се крие зад славата и парите“.
По изјавите на Муни пред празниците на анонимни инстаграм профили се појавија уште неколку тврдења за сексулна злоупотреба од страна на Ванг. Но, до денес ниту едно од нив е потврдено, ниту некој може да стапи во конткат со сопствениците на тие профили за да добие конкретни информации.
Во врска со тоа, пред неколку дена реагираше креаторот кој преку својот портпарол испрати соопштение со кое ги отфрли обвинувањата и ги нарече како „гротескно лажни“.
„Тврдењата преку профилите на непознати и недокажани ликови на социјалните мрежи се лажни со никакви докази за истите и имаат за цел само да му наштетат на мојот углед и име“, се наведува во соопштението и се додава дека Александер Ванг дека ќе ја тера работата до крај, односно до конечно разоткривање лажните профили кои го валкаат неговото име.