Многу водечки здравствени експерти сметаат дека постои голема веројатност оти Ковид-19 ќе стане ендемска болест, односно дека ќе биде трајно присутна, но веројатно во помали нивоа на зараза отколку денес, а на слична линија е и Стефан Бансел, извршниот директор на компанијата „Модерна“, компанијата која произведува вакцини против корона вирусот.

За време на конфенреција за здравствена нега во организација на ЏП Морган, Бансел изјави дека корона вирусот нема никогаш да исчезне.

Мислам дека ќе живееме со овој вирус засекогаш – изјавил директорот на „Модерна“.

Тој нагласил дека научниците постојано следат дали се појавуваат нови видови на вирусот, за да можат да се произведат вакцини.

Песимистички прогнози има и СЗО, која објави дека втората година од пандемијата на Ковида-19 може да биде потешка од првата, со оглед на брзината на ширење на вирусот, особено на северната хемисфера каде што циркулира новиот позаразен вид на вирусот.

Влегуваме во втората година од пандемијата, која може да биде потешка кога ќе видиме колку брзо се шири корона вирусот – изјавипретставникот на СЗО, Мајк Рајан.

СЗО во најновиот извештај наведува дека минатата недела се регистрирани околу пет милиони нови случаи на корона вирус.

По празниците, во некои земји ситуацијата ќе стане многу полоша пред да почне да се подобрува – изјави техничкиот директор на СЗО за Ковид-19, Марија ван Керхове.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.