Министерството за надворешни работи во Скопје преку амбасадата во Анкара и Генералниот конзулат во Истанбул будно ја следи состојбата со земјотресот во југоисточна Турција.

Засега се знае за 9 наши граѓани кои се наоѓаат во регионот, а двајца ученици се повредени. Станува збор за осум студенти и еден професор кои престојувале во Турција преку програмата „Еразмус плус“.

Едниот ученик има посериозни повреди, но се опоравува, додека вториот има полесни повреди.

Дипломат од нашата амбасада во Анкара е испратен во погодениот регион за да помогне во евакуацијата на студентите од градот Караман Мараш.

Прикажи повеќе