Британскиот таблоид „The Sun“ изнајмил приватен детектив кој 24 часа ќе ја следи Меган Маркл и нејзиното семејство, уште во 2016 година, кога се дозна за нивната врска со принцот Хари.

Фондацијата „Byline Investigates“, инаку здружение на независни новинари, ја објави веста за таблоидот кој платил детектив со цел тој да ископа бројни податоци, не само за Меган, туку и за нејзиниот поранешен сопруг, пријателите и соработниците.

Profimedia
Фото: Профимедиа

Детективот, кој го изнајмиле, на таблоидот му ја доставил домашната адреса на Меган, нејзиниот мобилен број, бројот од нејзиното социјално осигурување, регистрацијата од автомобилот, а за наведените услуги тие му платиле 2.055 долари. Покрај тоа, детективот собрал уште многу информации за Меган.

Откако нејзиното „досие“ од 90 страни детективот го доставил до таблоидот „The Sun“, тие започнале да објавуваат ексклузивни текстови за неа, но и едно од првите во низа, платени интервјуа со нејзината полусестра Саманта.

Instagram

Од таблоидот се огласија со наводно оправдување дека не знаеле дека нивниот истражител се служел со недозволени методи во собирањето на податоците, бидејќи откривањето на приватните броеви и бројот на осигурувањето се третира како кривично дело, додека детективот за „New York Times“ изјави дека е невозможно уредниците на таблоидот „The Sun“ да не знаеле што работи тој.

„Благодарни им се на оние кои работат во медиумите и кои ги поддржуваат новинарските вредности кои сега се потребни повеќе од било кога“, порачаа Хари и Меган преку својот портпарол.

Instagram
Instagram

„Од „The Sun“ добив документ кој морав да го потпишам и во кој пишува дека нема да користам илегални методи за лоцирање на луѓето или проверка на нивното минато. Но потоа нивните новинари, буквално со намигнување ми рекоа „Доколку сакате да ја задржите оваа работа, продолжете да го правите тоа што го правевте досега“, изјави детективот кој истакна дека се кае поради своите постапки и дека е подготвен да разговара со адвокатите на Хари и Меган, а кој притоа му се извини и на кралското семејство.