Во емисијата „Интервју на Шења“, новинарот и шеф на здружението „Цивил“, Џабир Дерала, рече дека Северна Македонија е пример за тоа како функционира пропагандата.

„Ние сме пример. Со тоа што имајте предвид дека, ние сме само спунтот од она што се случува во Србија“, рече Дерала.

Дерала рече дека во Србија има цел еден државен апарат, со седиште во владата и кабинетотот на претседателот Вучиќ, освен Спутник и РТ како медиуми, кои се во функција на руската пропаганда. Дерала го спомна и шефот на контраразузнавањето кој е на црната листа на САД, заради овозможување на малигното влијание на Русија во Западен Балкан.

„Да беа само РТ и Спутник, тие досега ќе беа збришани, но вие имате сериозни државни системски и систематски ресурси, кои се употребуваат системи и ресурси, кои ги охрабруваат медиумите да спроведуваат максимална руска пропаганда не само во Србија,  туку  да ги шират низ целиот регион“, рече Дерала.