„Планот за раст предвидува над 800 милиони евра за државата, 20% грант, неповратни средства, другите се кредити коишто се гарантирани. Од макрофинансиски аспект тоа нема да го зголеми долгот на државата затоа што тоа е умешноста на преговарањето коешто го направивме. Имаме достапни средства без зголемување на јавниот долг затоа што го гарантира Европската Комисија“ рече вицепремиерот Фатмир Битиќи на Економски подкаст „Планот за раст, реформите предуслов за ЕУ фондовите и социјалните политики“.

Тој додаде дека една од клучните работи е дека треба да се сфати кој е бенефитот од Европската Унија.

„Друга област која е навистина битна е областа на енергетскиот пакет согласно регулативите на европската енергетска заедница и таму ние си задаваме рокови и реформи коишто треба да ги постигнеме. До 2026 година ќе имаме дополнителни 0,8 гигавати производство на електрична енергија од обновливи извори. Претходниот месец стигнавме на рекордно ниво увоз на електрична енергија. Само 2,75% од потребите на електрична енергија во нашата земја се увезени. До декември минатата година бевме на ниво од повеќе од 30%“, потенцираше Битиќи.

Тој заклучи дека тој е бенефитот за кој зборува СДСМ во својата програма во однос на зголемување на капацитетите за производство на електрична енергија од домашни капацитети од аспект на обновливи извори на енергија.