Македонската сениорска репрезентација веќе го заврши настапот на Светското првенство во Египет, но остануваме со наши претставници кои се ангажирани за судиската правда на натпреварите.

Како што е веќе познато денеска се закажани четвртфиналните мечеви, а на еден од нив ќе судат Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Тие од 20.30 часот ќе им судат на актуелниот европски шампион Шпанија и селекцијата на Норвешка.

Тоа ќе биде вкупно осми меч за Начевски и Николов на ова СП, претходно делеа правда на средбите Тунис-Полска (28:30), Хрватска-Катар (26:24), Русија-Словенија (31:25), Шпанија-Унгарија (36:28), Јапонија-Данска (27:34), Исланд-Норвешка (33:35) и Египет-Белорусија (35:26).

Драган Начевски е помеѓу официјалните лица на дуелот од „Президент купот“ помеѓу Ангола и Мароко, како и на четвртфиналниот дуел Франција-Унгарија.