Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски пред повеќе од една година се пресели во соседна Србија.
Тој отаму е активен на музичка сцена, заедно со својот бенд настапуваше низ регионот, учествуваше во музички шоуа меѓу кое и „Твоето лице звучи познато“ во кое и ја однесе победата.
Кајмакоски не е премногу активен на социјалните мрежи и секојдневно не објавува за актуелните случувања во неговиот живот, а многу ретко открива детали од неговиот приватен живот.
Сепак, наскоро наближува Нова година и новогодишните празници, па јавните личности покажаа како изгледаат нивните домови во новогодишно руво. Меѓу нив и Даниел Кајмакоски. Тој во кусите приказни на Инстаграм ја покажа украсена елка и новогодишните декорации кои се дел од неговиот дом во Белград.