Новата хит-серија на Нетфликс – Wednesday (Среда) соборува рекорди на гледаност, а обожавателите не престануваат да зборуваат за сцените што ги разнесоа.
Но, забележале и една прилично бизарна работа, а Нетфликс објаснил за што се работи.
Зошто Среда (Wednesday) не трепка?
Среда (Џена Ортега) речиси воопшто не трепнува во ниту една сцена, а овој важен детал му дава на нејзиниот лик допир на бизарност.
Нетфликс објасни дека тоа е одлука што ја донел Тим Бартон, кој режираше половина од епизодите од првата сезона.
After trying one take where she didn’t blink, Tim Burton was so enamored with the result he told Jenna Ortega not to blink anymore when playing Wednesday. So she didn’t. pic.twitter.com/h5Ver9oozC
— Netflix (@netflix) November 28, 2022
Откако ја замолил да сними една сцена без да трепне, резултатот толку многу му се допаднал на Бартон што и рекол на актерката воопшто да не трепка во сцените. И таа го направила тоа.
Поделени реакции
И додека некои обожаватели ја фалат одлуката на режисерот, на други им е доста тешко да се извлечат, па затоа и сочувствуваат со актерката.
„Неправедно е да се очекува тоа од некого“ и „Не ме сфаќајте погрешно, таа заврши одлична работа, но сепак…“, се дел од коментарите, но фановите се согласуваат во едно – сите сакаат втора сезона. .