Амандин Палез, креативна директорка во Bvlgari Parfumes, вели дека не постојат апсолутни правила кога станува збор за рокот на парфемот.

Според неа, животниот век на еден парфем во суштина зависи од супстанциите што ги содржи. Цитрусните, природните и лесните ноти имаат тенденција да испаруваат побрзо. Спротивно на тоа, ориенталните, дрвенестите, мошусот и килибарните ноти се задржуваат подолго.

„Генерално, датумот е испишан на кутијата или на дното на шишето, па најдобро е да се води според него“, вели Пелезова.

Таа објасни дека кога на парфемот му истекол рокот на траење можеме да кажеме и по мирис:

„Парфемот со истечен рок има тенденција да оксидира и да се закиселува“, објаснува таа.

Ако веќе не го препознавате мирисот за кој сте го купиле тој парфем, време е да го фрлите. Друг важен индикатор е бојата, т.е. обично има жолтеникава нијанса. Кога ќе го забележите тоа, веднаш ослободете се од тоа шише.

Експертите советуваат дека периодот во кој треба да го потрошите парфемот е обично три години.