Кога споделувате посебна врска со друга личност, интензивна привлечност кон нивниот ум и тело, веројатно би ги посакале само за себе.
Моногамијата е практика да се има еден партнер за одредено време. Додека има луѓе кои отворено ја споделуваат својата љубов со повеќе партнери истовремено, моногамијата нуди повеќе од едноставно, удобно дружење – таа може вистински да го подобри вашето физичко здравје.
Скот Халцман, ја споредува неверојатната стапка на смртност која кај жените кои немаат парнери е 50% повисока, а кај мажите кои немаат партнери за неверојатни 250%. Бројките како овие можеби се доволни за преиспитување за статусот на врска.
Според „Hardvard Health Publishing“ луѓето кои го делат својот живот со парнер уживаат уште поголема здравствена корист бидејќи имаат помала веројатност да доживеат мозочен удар, да страдаат од депресија и поголема е веројатноста да преживеат во случај на голема операција.
Други изненадувачки придобивки од моногамијата
Истражувачите велат дека долгорочен партнер го намалува ризикот од срцев удар. Секако, има повеќе причини за тоа, дружење, намален стрес и подобра грижа.
Една студија која исто така ја промовира оваа теорија е „American Heart Association“ која укажува дека луѓето кои имаат парнери имаат поголема шанса да се справат со срцеви заболувања отколку луѓето кои се сами.
Последната забавна придобивка од подолгите моногамни врски е тоа што тие можат да имаат подобар и посмел секс, од сексот што обично не може да се ужива со понов партнер.
Довербата што ја споделувате во вашата врска може да направи да се чувствувате пријатно да експериментирате во вашиот сексуален живот со улоги, реквизити и поразлични „risqué“ активности во спалната соба.
Сексот може да се подобрува во текот на една моногамна врска, бидејќи и двајцата партнери се запознаваат со она што го „радува“ другиот.
Студија од 2017 година покажа дека моногамни парови се значително посреќни со својот сексуален живот отколку оние кои се во отворени врски.
И додека моногамијата можеби не ја претпочитаат сите, помалку стрес, подобар секс и поздрав живот изгледа прилично привлечно, нели?