ДОКОЛКУ забележите дека косата сè повеќе ви опаѓа и сакате да ја пронајдете причината за проблемот, експертите предлагаат прво да ја анализирате вашата исхрана. Иако опаѓањето на косата е неизбежно и се јавува како што старееме, диетата со малку протеини може да доведе до слаба и кршлива коса.
“Протеините им помагаат на клетките, вклучувајќи ги и оние кои ја сочинуваат нашата коса, да растат. Без протеини, нашата коса се крши и станува тенка. Недостатокот на протеини може да предизвика губење на косата бидејќи е потребен за синтеза на кератин. Кератинот е единствен протеин пронајден во нашата коса, ја одржува косата здрава и му помага на телото да ги добие хранливите материи што му се потребни за одржување на здрава коса“, објасни експертот за здравје на косата Ганима Абдула.
Бидејќи протеините ја сочинуваат целата структура на косата, нивниот недостаток може да предизвика губење на косата.
„Некои луѓе се на диети и не внесуваат доволно протеини, што ги исцрпува резервите на протеини и доведува до недостаток на хранливи материи и губење на косата“, додаде таа.
Лиза Ричардс, креаторката на диетата Кандида, вели дека на здравјето на косата многу влијаат хранливите материи што ги консумираме.
„Како што старееме, ќе треба да ја промениме исхраната бидејќи се менуваат нашите потреби за хранливи материи. Фокусирајте се особено на јајцата и млечните производи кои се богати со биотин, витамин Б12, протеини, цинк и омега-6 масни киселини. Има и семиња, јаткасти плодови , риба и слатки компири, како и јогурт, пилешко, говедско месо и мешунки“, набројува тој.
На поединецот обично му требаат најмалку 45 грама протеини секој ден за здрава коса, но тоа зависи од телесната тежина и исхраната, пишува SheFinds.