Челси ќе се обиде да му го грабне португалскиот интернационалец Матеус Нуњеш на Ливерпул, пренесуваат медиумите во Англија.
Се веруваше дека играчот од средниот ред на Вулверхемптон ќе биде трансферна цел број 1 на „црвените“ претстојното лето, но лондончани ќе направат сѐ што е можно за уште побрзо да го обезбедат потписот на Нуњез.
Клоп и Ливерпул подолго време го следат Нуњеш, но, сепак, засега немаат доставено официјална понуда. „Црвените“ имаат огромна потреба од засилувања во средниот ред и ќе се обидат да се засилат по завршувањето на сезоната.