Екипата на Барселона го освои првиот трофеј во ерата на Чави Хернандез. Во финалето од Суперкупот на Шпанија, во Ријад, каталонскиот гигант му одржа лекција на Реал Мадрид и со победата од 3-1 му се радува на првиот овосезонски трофеј.
Стратегот на клупата на Барселона, Чави не го криеше задоволството од одличната партија на неговите избраници и се надева дека ова нема да биде негов последен трофеј како тренер на еден од најголемите светски клубови.
„Среќен сум за мојот прв трофеј со Барселона. Имам чувство на душевен мир. Морам да продолжам да му помагам на тимот да освојува трофеи, да ја водам Барселона до нив. Ако победивме во финалето против Реал Мадрид, можеме да го направиме тоа против секој ривал. Се надевам дека овој трофеј нема да биде и последен“, рече младиот стратег.
Најзаслужен за победата на Барселона беше младиот Гави, кој запиша еден гол и две асистенции./Gol.mk/