Цените на гасот во Европа од денеска пониски за седум отсто односно цената за 1.000 метри кубни денеска се движи од 730 – 750 евра, објави лондонската берза. На 19 декември земјите од Европската унија се договорија за максимална цена на гасот од 180 евра за мегават час или околу 2.000 долари за илјада кубни метри по сегашниот курс, а оваа мерка ќе стапи на сила на 15 февруари, со цел да се заштити населението и стопанството од поскапување на гасот.

Advertisements

Високата цена на енергијата во Европа, според западните медиуми, предизвикала најголема инфлација во последните неколку децении.

Кај нас пак државната ЕСМ склучи договор со бугарската компанија Балкан Јутилитис за набавка на овој енергенс по фиксна цена. Со ваквата понуда државата ќе плаќа повеќе за набавка на гас бидејќи фиксната цена се прифаќа кога гасот на берзите поевтинува. Понудата на Макпетрол беше со променлива цена која ќе зависи од движењето на цената на гасот на берзите.

Прикажи повеќе