Денеска ја погребавме мајка ми, почина од Ковид. Цела година ја пазевме, бидејки е во најризичната група(20 години оди на дијализа, бидејќи нема бубрези, пред 4 години преживеа рак, а пред 2 години имаше тешка операција на срце), внуците цела година ги гледа на вибер. Знаевме дека допир со вирусот за неа е смртна пресуда. На крај ја заразија таму каде што одеше секој втор ден за да преживее, на дијализа. И немаше да пишувам статус, да не ја заразеа сестри и доктори кои во време на пандемија решија да прават мекици во Баба Цана и да направат кластер на нефрологија, стои во дел од фејсбук статусот на Нина Стојановиќ.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.