Бугарскиот технички премиер Стефан Јанев го свикува денеска Советот за безбедност. Бугарската влада соопшти дека темата на состанокот ќе биде „Тековните ризици и закани по системот за заштита на националната безбедност на Бугарија“. Во соопштението е наведено дека се очекува анализа на институционалната ефикасност во безбедносниот сектор и потребата од посоодветни мерки за негово зголемување.

Advertisements

Во агендата на состанокот на Советот за безбедност е предвидено дискусија за мерките за обезбедување политичка стабилност, потребата од нови и соодветни антикорупциски политики, имплементација на поефикасни механизми за координација и интеракција на структурите во безбедносниот сектор.

Прикажи повеќе