Билансот на жртвите во катастрофалниот земјотрес што денеска ја погоди Индонезија надмина 40 лица, пренесува агенцијата Sky News. Како што се додава во веста, во потресот се повредени околу 700 лица.

Advertisements

Како што пренесуваат странските агенции, епицентарот на потресот бил на околу 75 километри југоисточно од главниот град Џакарта, на длабочина од 10 километри. Потенцијална опасност од појава на цунами, не се очекува.

Властите стравуваат дека бројот на загинати би можел да се зголемува, бидејќи дел од хоспитализираните лица имаат посериозни повреди.

Прикажи повеќе