Музичките награди „Brit Awards“ ќе се одржат на 11 мај во лондонската О2 Арена и тоа пред публика. Тоа ќе биде првиот голем музички настан кој е предвидено да се случи во затворен простор по повеќе од една година откако започна пандемијата на коронавирусите.

Организаторите велат дека во арената ќе бидат присутни 4.000 луѓе, а околу 2.500 билети за спектаклот ќе бидат доделени бесплатно на клучни луѓе со цел да ги наградат за нивната неуморна работа за време на пандемијата.

Церемонијата, која ќе се пренесува во живо, ќе ја води Џек Вајтхол, а номинираната Дуа Липа вети дека дефинитивно ќе биде „ноќ за паметење“.

Овогодинешните награди се внимателно испланирани во соработка со британската влада, која го вклучи настанот како дел од програмата за научно истражување. Секој ќе мора строго да се придржува до здравствените протоколи, а во О2 Арената ќе бидат присутни само 4.000 лица, наместо 20.000 колку што може да собере во салата во нормални услови.

Гостите нема да мора да бидат социјално оддалечени или да носат заштитни маски, но ќе мора да ги следат постојните упатства и да се придржуваат до правилата утврдени од организаторите на настанот. Со негативен ковид тест кој ќе биде е задолжителен за секого, пишува „Daily Mail“.

Како дел од поширокото научно истражување, сите присутни ќе мора да одат на тестирање по доделувањето на наградите за дополнителни докази за безбедноста на одржување настани во затворено без физичко растојание и носење маски.

Ова беше исклучително тешка година за нас и јас сум воодушевен што ќе им оддадеме почит на клучните работници, хероите кои толку добро се погрижија за сите нас, и продолжуваат да го прават тоа. Тие се едноставно инспирација. „Brit Awards“ отсекогаш биле посебни за мене и ова навистина ќе биде ноќ за паметење“, изјави 25-годишната пејачка Дуа Липа, која е номинирана во три категории.