Шефот за надворешна политика на Европската унија Жозеп Борел изјави дека се надева оти земјите-членки ќе можат да одобрат уште една транша од 500 милиони евра од помошта за Украина за време на денешниот состанок на министрите за надворешни работи. Говорејќи пред состанокот, Борел рече дека тоа е дел од Европскиот мировен фонд. Унгарското Министерство за надворешни работи и владиниот портпарол не одговорија на барањата за коментар за извештаите дека Будимпешта ќе го блокирала тој потег. Земјите од ЕУ, исто така, работат на 10-тиот пакет санкции што ќе стапат на сила следниот месец против Русија поради војната против Украина, изјавија дипломатски извори за Ројтерс, иако не се очекуваат одлуки за тоа во понеделник.