ПОСЛЕ петгодишна пауза, Бијонсе одржа концерт во Дубаи за астрономска сума од 24 милиони долари.
На публиката и беше забрането да фотографира и видеа со мобилни телефони, но без оглед на тоа, снимките набрзо почнаа да кружат на социјалните мрежи.
Концертот траеше еден час и се одржа во новиот хотел Atlantis The Royal. Претставата започна како театарска продукција. Виолинистите први излегоа на сцената во црвени здолништа, а потоа танчерите на Бијонсе и други музичари со слични облеки.
Бијонсе во текот на вечерта три пати ја менуваше облеката. Таа најпрвин се појави во жолт фустан со пердуви и корсет, потоа во црвен комбинезон и на крајот во проѕирен мини фустан украсен со кристали. На сцената се појави и нејзината ќерка Блу Ајви, а во публиката беа нејзиниот сопруг Џеј Зи и родителите Тина и Метју Ноулс.
Концерт за луѓе само со ВИП влезници, се појавија многу ѕвезди
BEYONCÉ PERFORMING BIGGER #DUBAICHELLA pic.twitter.com/jEkHnHvW2y
— CUFF IT SZN | BEYONCE FAN ACCOUNT (@macfromnola) January 21, 2023
Настапот го започна со At Last од Ета Џејмс, а потоа следеа нејзините хитови Beautiful Liar, Halo, Crazy in Love и други. Интересно е што Бијонсе не изведе ниту една песна од нејзиниот последен албум Renaissance од 2022 година, кој беше номиниран за Греми.
Концертот се одржа само за лица со ВИП влезници, кои мораа да се појават во свечена облека. Публиката беше воодушевена од големиот огномет, а меѓу познатите во публиката беа Клои и Хали Бејли, Ниа Лонг, Кендал Џенер и Ребел Вилсон.
За потсетување, Бијонсе нема организирано целовечерен концерт од 2018 година, од турнејата On the Run II. Фановите со нетрпение ја очекуваат новата турнеја, која допрва треба да биде објавена. Нејзините настапи се ретки, но обожавателите се подготвени да направат се и да потрошат секакви пари за да ја видат.