Пејачката Алка Вуица неретко беше тема на бројни шпекулации, а многумина изненади со признанието дека таа била и со оженет фудбалер.

Нејзината прва љубов беше тапанатор од групата „Сребрени крила“ – Ади Караселимовиќ.

Таа тогаш имала 18 години и го запознала во клубот „Сцена“, а емоциите веднаш се појавиле. Бил нејзина прва голема љубов и таа врска траела 4 години.

Откако раскинале таа ги запознала Горан Бреговиќ и Бајага кој, како што се зборува, ѝ посветил дури две песни – „Зажмури“ и „Са друге стране јастука“.

Instagram

Во животот на Алка Вуица постоеа и многу шпекулации за забранети љубови.

Се шпекулираше за нејзината романса созафатен“ политичар, а потоа Алка сите ги изненади со признанието дека таа и оженет фудбалер биле во вонбрачна заедница.

„За жал бев и љубовница. И мислам дека тоа е понижувачко за жената и на секого би му препорачала да не влегува во таков однос. Мислиш дека од него можеш да излезеш недопрен, но не можеш. Никој нормален не може да се согласи да биде втор. И всушност е страшно тоа како тие мажи заведуваат, бидејќи мажите кои имаат љубовници буквално тоа го прават, заведуваат, секогаш ја имаат онаа своја тажна приказна“, изјави таа во една прилика.

Instagram