Барселона ќе купува во зимскиот преоден рок. Каталонските медиуми тврдат дека клубот во јануари ќе го реализира трансферот на Рубен Невеш. Португалецот ќе го замени Серхио Бускетс.

Според овие извори, менаџерот на Невеш, Жорж Мендеш, подолг период преговара со челниците на Барселона. Најверојатно фудбалерот првите шест месеци ќе биде позајмен во Барселона, а по завршувањето на сезоната клубот ќе мора да го откупи неговиот договор од Вулверхемптон за 50 милиони евра. Рубен Невеш има 25 години, тоа е вистински момент за исчекор во кариерата, бидејќи за Волвс игра од 2017 година кога пристигна од Порто.

Сепак за да може да биде реализиран трансферот на Невеш, некој ќе мора да го напушти клубот. Се шпекулира дека тоа ќе биде Џерард Пике, а Бускетс клубот ќе го напушти по завршувањето на сезоната./Makfax/

Прикажи повеќе