Турскиот актер Бурак Озчивит, најпознат по улогата на Бали-бег во серијата Сулејман Величествениот, и неговата сопруга Фахрије Евџен го очекуваат своето второ дете.

Фахрије ја објави својата бременост на својот Инстаграм профил, каде позираше во тесен црн комбинезон и гордо го покажа трудничкиот стомак.

Парот се запозна во 2013 година на снимањето на серијата „Calikusu“, а се венчаа четири години подоцна. На церемонијата присуствуваа познати турски ѕвезди како Керем Бурсин, Серенај Сарикаја, Хатиџе Сендил, Асли Енвер и Мурат Боз.

Тие веќе имаат син

Бурак и Фахрије веќе го имаат синот Каран, кој се роди во 2019 година. Нивното второ дете ќе пристигне во јануари следната година, а полот на бебето се уште го чуваат во тајност.

Минатата година турските медиуми објавија дека парот имал проблеми во бракот. Сепак, се чини дека сопружниците ги испеглале проблемите или никогаш не постоеле.