Во недела со почеток од 16 часот Аргентина и Франција ќе играат во големото финале на Светското првенство во Катар, а интересно е да се види и од кои клубови доаѓаат играчите на двете репрезентации.
Најмногу има од Баерн Минхен и Атлетико Мадрид, по четворица. По тројца има од Јувентус, Севиља и Реал Мадрид. Додека најдобрите стрелци во Катар, Мбапе и Меси доаѓаат од ПСЖ.
Можеби спорна е статистиката на Реал Мадрид која го вклучува и Бензема. Тој технички е на списокот на Франција, но реално е во клупскиот тренинг центар на кралскиот клуб каде се подготвува за вториот дел од сезоната. Останатите двајца играчи на Реал се Чуамени и Камавинга./Sport1.