Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека е „неверојатно задоволен” од исходот на американските избори откако демократите ја презедоа контролата врз Сенатот.
Говорејќи пред новинарите во Камбоџа во пресрет на самитот во Источна Азија, Бајден рече дека исходот од изборите го одразува квалитетот на кандидатите од неговата партија, откако предвиде дека сенаторката Кетрин Кортез Масто ќе победи на реизборот во Невада, каде што тесно го победи републиканскиот противкандидат Адам Лаксалт.
Победата на демократите во вториот круг од изборите во Џорџија следниот месец ќе и даде на партијата мнозинство во Сенатот во однос 51:49, додека загубата сепак ќе ги задржи демократите на чело на Сенатот со 50:50, бидејќи демократската потпретседателка Камала Харис има одлучувачки глас во случај на изедначено гласање.