Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе ја посети Полска од 20 до 22 февруари за да ја одбележи првата годишнина од рускиот напад врз Украина, соопшти Белата куќа.
Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа, изјави дека Бајден јасно ќе стави до знаење дека дополнителна безбедносна помош и дополнителна поддршка ќе дојде од САД, пренесува Ројтерс.
– Претседателот многу јасно ќе стави до знаење дека САД ќе продолжат да стојат на страна на Украина се додека е потребно – рече Кирби.
За време на посетата, Бајден ќе се сретне со полскиот претседател Анджеј Дуда и со сојузниците од Источна Европа и ќе разговара за Украина, соопшти Белата куќа.