Американците со нетрпение го очекуваат конечниот исход од изборите во САД, додека претседателот Џо Бајден го прослави, како што рече, успехот на неговата партија контра очекуванииот републиканскиот „црвен бран“. Се чинеше дека републиканците ќе освојат мнозинство во Претставничкиот дом, но освоија многу помала победа отколку што се надеваа и предвидуваа анкетите. Ако сегашните предвидувања се остварат, тоа би била најдобра резултат што актуелен претседател го остварува во последните две децении. Во Сенатот, демократите го освоија и одлучачкото место во Пенсилванија каде дмеократот Џон Фетерман победи во најскапата трка за Сенат во историјата на САД.

Advertisements

Конечниот состав на Конгресот сега зависи од изборите во Аризона и Невада, каде пребројувањето на гласовите може да потрае уште неколку дена и Џорџија, каде вториот круг е закажан за 6 декември. Бајден не ги чекаше конечните резултати од гласањето за да прослави , а републиканците ја свртеа кампањата кон неговиот неуспех да се справи со зголемената инфлација. Обраќајќи им се на новинарите во Белата куќа, Бајден ја повтори својата „намера“ да се кандидира за втор мандат во 2024 година. И вети конечна одлука „на почетокот на следната година“. Доналд Трамп, поранешниот американски претседател кој се обложи на убедлива победа на републиканците мораше да признае дека резултатите од се „донекаде разочарувачки“.

Алсат

Прикажи повеќе