Новоизбраниот претседател на САД Xо Бајден го претстави својот тим кој ќе работи против климатски промени.
Според новоизбраниот претседател, членовите на тимот се „паметни, вешти, искусни, и уриваат бариери”.
– Луѓето седат дома не само поради пандемијата, туку и поради лошиот квалитет на воздухот … Луѓе, ние сме во криза, рече Бајден.
Тој вети масовно создавање работни места во зелените индустрии, вклучително и автомобилската, лидерство на Америка во борбата против климатските промени и 500.000 станици за полнење електрични возила во САД.
Бајден ја номинираше поранешната гувернерка на Мичиген Џенифер Гранхолм за министер за енергетика, потоа, како прв претставник на домородното население номинирана е конгресменката Дебра Холанд за шефица на Министерството за внатрешни работи на САД, кое е одговорно за прашањата за користење на земјиштето. Тие допрва треба да бидат одобрени од Сенатот, а разгледувањето на кандидатите ќе започне не порано од крајот на јануари.
Покрај нив, Мајкл Реган треба да стане шеф на Агенцијата за заштита на животната средина, а Бренда Мелори претседателка на Советот за квалитет на политиката за животна средина. Џина Мекарти ќе стане национален советник за клима и Али Заиди ќе биде нејзин заменик.
Бајден вети дека борбата против климатските промени ќе биде еден од приоритетите на неговата администрација.