Не одлучив да прифатам дуел, туку се одлучив за интервју поради тоа што го повикав градоначалникот Шилегов да ми се извини за личните навреди, но се уште не го стори тоа, рече кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска во емисијата „Топ тема“.

Таа го обвини Петре Шилегов дека користејќи го личниот профил на градоначалникот, утпатувал навреди во текот на целата кампања.

„Континуирано бев предмет на лични деградации, не само од него, туку и од неговиот лидер и приврзаници. Доколку се одважи да се извини во наредните денови, ние ќе имаме дуел уште истиот ден. Не е страв, туку барам извинувања“ – потенцира Арсовска.