Бездомните кучиња и нивениот третман не се само проблем од етичка природа, туку реалност која секојдневно влијае врз севкупниот живот на Скопјани и сите посетители на градот.

Не сакаме да гледаме гладни, несреќни животни по улиците, животни без дом. Безбедноста, здравствената заштита на населението, стандардот на градска чистота се сфери кои исклучително зависат од тоа на кој начин и во која мерка ќе обезбедиме хуман третман на животните, кои се на улица, но не по сопствен избор или вина.

Граѓаните на Град Скопје бараат од Вас решавање на овие проблеми, хуман третман, поголема грижа за нивната безбедност и здравје. Како Совет на Град Скопје должни сте за рационално, одговорно, ефикасно распоредување на нивните средства.

Во понеделник се одлучува по прашањето дали средствата на граѓаните ќе одат за превенција на штети, унапредување на севкупниот животен стандард во градот, хумано намалување на бројката бездомни животни, или средствата ќе се трошат во блиска иднина наменети за санирање штета, исплата на оштети од претрпен страв и физички повреди. Секоја инвестиција во оваа област сега, спречува одлив на милиони во иднина.

ЈП Лајка е единствено претпријатие чија намена е да се справи со предизвиците и проблемите кои се таложени 3 децении. ЈП Лајка маневрира во услови каде секојдневно се зголемува бројката бездомни животни поради тоа што нема соодветна законска регулатива која наложува забрана за неконтролирано размножување и напуштање миленик, која регулира продажна дејност со животни, нивно подарување, која најстрого санкционира насилство на животни и нивно занемарување. .. ЈП Лајка не смее да има вработени кои се во континуитет изложени на несигурноста и стравот дали ќе имаат плата, кои поради енормата , наследена задолженост на претпријатието во минатото немаат основна опрема за работа, медикаметни за стерилизации не можат својата иднина долгорочно да ја планираат тука, бидејќи е неизвесна и самата судбина на претпријатието. ЈП Лајка не може да испорача резултат на Скопјани доколку стерилизира масовно, брзо без прекин, со цел да се опфатат минимум 75% на постоечките нестеризирани единки на улица.ЈП Лајка не може да биде успешна приказна доколку не се сфати неговата исклучителна важност, доколку сега не се помогне за да ја премости кризната состојба која произлегува од енормна, наследена презадолженост на претпријатието и, последователно не се предвидат и инвестираат средства во буџетот за 2023 година, сразмерно на реалните потреби на град Скопје и претпријатието кое ги има внатре.

Во име активистите за права на животни, хуманите граѓани и секој еден кој е директно или индиректно засегнат од оваа проблематика, бараме да ја согледате важноста на ЈП Лајка и во понеделник дадете поддршка за за финансиска помош на претпријатието.

Здружение за заштита на животни „АНИМА МУНДИ“