Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија на прес конференцијата по натпреварот, меѓу другото зборуваше и за Енис Барди кој е позитивен на КОВИД-19, и се надева дека тој ќе добие негативен тест пред настапот на ЕУРО 2020.

„Не постои тренер во светот кој би се откажал од Енис Барди во нормални услови. Оптимист сум, индивидуално работи со кондицискиот тренер. Имаше повеќе од успешна сезона, беше стандарден, така што мислам дека физичката подготвеност можеби нема да биде најидеална, ама очекувам едно 70% да биде подготвен до Австрија. Се молиме да има негативен тест до стартот на ЕП“, изјави Ангеловски.