Македонија европското првенство го започна со пораз од Австрија (3:1).

Селекторот на нашата репрезентација, Игор Агеловски на прес-конференција, даде надеж кај македонските навивачи, тој посочи дека ништо не е загубено, остануваат уште два.

„Главата горе, одиме понатаму, имаме уште два натпревари и се подготвуваме за следниот натпревар со Украина. Секако, не можам да бидам горд на играчите кои изборија пласман на ЕП. На моменти функционирамвме добро.

Имаше моменти кога имавме посед на топката и контрола на ситуацијата. Кога се кршеше резултатот, мислам дека клучна беше онаа шанса на Николов која не успеавме да ја реализираме за 2-1, а на спротивната страна, беше клучен вториот гол кој го примивме.

Немаме причина да бидеме разочарани, затоа што имаме уште два натпревари и да не ги направиме грешките.

Благодарност за навивачите, немам зборови за атмосферата, жалам само што не успеавме да вратиме со позитивен резултат“, изјави Ангеловски.

Македонија следниот натпревар го игра против Украина в четврток од 15:00.