Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски го исполни својот сон. Вечерва Македонија е на Европско првенство.

Тој пред првиот натпревар од ЕУРО 2020, се обрати до нацијата.

„Овие херои се изборија за почитта на секој граѓанин на Македонија денес да се чувствува гордо. Денес цел свет ќе застане во честа на македонската химна. Вие сте моите херои и оваа бајка ќе ја паметам до крајот на животот. Му благодарам на нашиот народ без разлика на вера и нација. Дечки Ви благодарам и Ве сакам, одиме по историја“, гласи пораката на селекторот.

Првиот натпревар Македонија го игра вечерва од 18 часот против репрезентацијата на Австрија.